Норвежаните добија слобода по победата над Бразил, па се разболеа

Норвешката фудбалска репрезентација се соочува со сериозни проблеми непосредно пред четвртфиналниот натпревар против Англија на Светското првенство. Според британските и норвешките медиуми, во таборот на скандинавската селекција има случаи на болест и голем замор кај дел од фудбалерите, што претставува дополнителен предизвик пред еден од најважните натпревари на турнирот.

Проблемите се појавиле по историската победа над Бразил во осминафиналето, по која селекторот Столе Солбакен им дозволил на играчите поголема слобода за прослава на големиот успех. Весникот „Дагбладет“ наведува дека исцрпувачките патувања низ Северна Америка оставиле последици врз репрезентацијата. Од почетокот на Мундијалот, Норвешка минала илјадници километри, патувајќи од Бостон до Њу Џерси, повторно назад во Бостон, потоа во Далас, а осминафиналниот натпревар повторно го одигра во Њу Џерси.

Здравствените проблеми, сепак, не се новост за норвешкиот тим. Напаѓачот на Кристал Палас, Јорген Странд Ларсен, го пропушти првиот натпревар на турнирот поради болест, додека Маркус Холмгрен Педерсен не настапи против Бразил поради вирусна инфекција.

Здравствени проблеми имаше и самиот селектор Столе Солбакен, кој беше забележан како силно кашла за време на прес-конференцијата по поразот од Франција во групната фаза.

И покрај овие проблеми, Норвежаните ќе се обидат да ја продолжат својата успешна приказна на Светското првенство, каде во четвртфиналето ги очекува силната селекција на Англија.

Состави

Карло Анчелоти

4-4-2

    Staale Solbakken

    4-3-3