ВИДЕО: Норвешкото „чудо од дете“ со нова вонсериска асистенција со пета

Мартин Одегард

Еден од најдобрите млади фудбалери на денешницата и член на Реал Мадрид, Мартин Одегард ја потврди својата фантастична форма оваа сезона со уште една вонсериска асистенција за тимот на Херенвен.

Неговиот тим загуби и покрај тоа што имаше предност во дуелот со АЗ Алкмар, но моментот од мечот му припадна токму на 18-годишниот Норвежанец.

Тој беше главниот виновник за водечкиот погодок на Херенвен, откако со прекрасна пета асистираше до Влап, кој ја затресе гостинската мрежа за 1-0.