Норвешки Бодо Глимт сериозно загриза за Бојан Миовски

Второпласираната екипа во норвешкиот шампионат, Бодо Глимт преговара за трансфер со македонскиот фудбалер Бојан Миовски. Имено, клубот од Норвешка не го крие интересот за Миовски, но голема дилема е можноста да го ангажира веднаш или во летниот преоден рок. 

Штипјанецот Миовски е квалитетен млад фудбалер, кој ги брани боите на Ренова, а претходно настапуваше за Брегалница, Работнички, Македонија Ѓорче Петров и Карабах од Азербејџан.

20-годишниот Миовски е дел од младинските репрезентации на Македонија, а ако го реализира трансферот во Бодо Глимт, ќе биде еден од ретките македонски фудбалери во шампионатот на оваа земја. 

Миовски се истакна во подготвителниот период на Ренова, бидејќи постигна два гола во победата против Мачва на подготовките во Охрид.