ВИДЕО: Норвешка водеше до 87. минута, но Шкотите режираа луд пресврт за „три од три“

Фудбалската репрезентација на Шкотска ја шокираше фаворизираната Норвешка и во натпреварот од третото коло од квалификациите за ЕП 2024 во Осло ја совлада домашната селекција со 1-2 (0-0).

Островјаните беа во негатива до 87. минута, но во самиот финиш постигна два брзи гола и со третиот триумф во исто толку натпревари направија значаен чекор кон пласман на континенталното натпреварување. Норвешка, пак, уште еднаш разочара и со само еден освоен бод ја дели претпоследната позиција со Грузија.

  • Норвешка - Шкотска 1-2: 

Домашните поведоа во 61. минута со голот на Ерлинг Халанд од пенал. Тоа беше прв натпревар во квалификациите за напаѓачот на Манчестер Сити. Норвешка беше во водство до 87. минута кога Линдон Дајкс израмни на 1-1, а веќе во следниот напад Кени Меклин им донесе големи три бода на гостите.

  • Црна Гора - Унгарија 0-0: 

На 20 јуни Норвешка го пречекува Кипар, а Шкотска пред својата публика ќе се сретне со Грузија. На останатите два натпревари, кои што се играа попладнево немаше победник. Азербејџан и Естонија одиграа 1-1, додека без голови заврши мечот меѓу Црна Гора и Унгарија.

Состави

Staale Solbakken

4-3-3

    Steve Clarke

    5-4-1