Норвешка ќе гостува во нашата земја на пријателски натпревар во ноември

Македонската фудбалска репрезентација успешната година ќе ја заврши со пријателски натпревар против Норвешка, следниот месец на домашен терен. Деновиве треба да биде официјализиран натпреварот, кој ќе се одигра додека ширум Европа се играат бараж натпреварите за Мундијалот во Русија.

Од 10 до 12 ноември е предвидениот ФИФА термин за одигрување на интернационални натпревари и клубовите се обврзани да ги ослободат репрезентативците при повик. Норвешка ќе биде идеална можност за продолжување на позитивната серија и скок на ФИФА ранкинг-листата.

Не е исклучена можноста натпреварот повторно да се игра во Струмица, како и против Албанија и Лихтенштајн.