• Иван Димовски
Дуелот на скандинавските претставници во значајна мера ќе влијае на расплетот во групата 4. Добропознатите ривали веќе ги одмерија силите во второто коло, а натпреварот во Солна заврши со победа на Норвешка.
Сите квоти Mozzart за натпреварот меѓу Норвешка и Шведска
Во претходниот меч двата гола за Норвежаните ги трасира Ерлинг Халанд кој во мрежата на Швеѓаните погодуваше во 20. и 69. минута, додека Еланга во втората минута од судиското надополнување го ублажи поразот на домашните.
Адут на Норвешка во овој натпревар покрај домашниот терен ќе биде и значителниот кадровски проблем на ривалот, а евентуален пораз за Швеѓаните, втор во меѓусебните пресметки, веројатно би значел и крај на соништата за првото место на табелата.
Квоти за останатите натпревари во Лигата на нации
Во претходните четири меѓусебни дуели ривалите постигнуваа барем по гол, па така се очекува да биде и во овој случај во кој очекуваме меч со спуштени гардови.