Норвешка донесе конечна одлука дали ќе го бојкотира учеството на СП

Фудбалската репрезентација на Норвешка, сепак нема да го бојкотира својот настап на следното Светско првенство во Катар следната година, се разбира доколку обезбеди пласман преку претстојните квалификации.

Пред неколку дена тамошните медиуми пишуваа дека поради драматичните услови под кои работат ангажираните работници на стадионите во Катар се причината за овој потег на норвешкиот национален тим, но денес пристигна конечната одлука.

Фудбалскиот сојуз на Норвешка одржа вонредна седница, на која гласаа членови на сите фудбалски клубови од оваа земја и ја потврдија одлуката да не се бојкотира настапот на Светското првенство.

Така, приказната за бојкот падна во вода и Норвешка доколку се квалификува ќе ја гледаме на следното СП во Катар.