• Горан Упале
Поранешниот капитен на Брентфорд, Кристијан Норгард, и официјално стана ново засилување на Арсенал, објави лондонскиот гигант.
Арсенал го потврди потпиsot на играчот од средниот ред на Брентфорд и данската репрезентација за сума од 12 милиони фунти, што секако дека е одлична зделка. Но, она што ги изненади фудбалските фанови е краткорочниот договор на данскиот ас со Арсенал. Норгард со „топџиите“ потпиша соработка од само две години.
Клубот од северен Лондон беше во преговори со Брентфорд неколку недели и договорена е трансферна сума од околу десет милиони фунти, со дополнителни два милиони фунти во потенцијални бонуси.
Капитенот на Брентфорд ќе ја зголеми конкуренцијата на позицијата централен дефанзивец, каде што Арсенал веќе го потпиша Мартин Зубименди. Норгард се приклучи во Брентфорд во 2019 година и одигра клучна улога под водство на поранешниот менаџер Томас Франк. 31-годишникот одигра 34 лигашки натпревари во сезоната 2024/25, запишувајќи пет гола и четири асистенции.


