• Саше Љолес
Фудбалерите на Рен извојуваа минимална победа над Тулуз со конечни 1-0 (1-0) во натпреварот од 24. коло во француската Лига 1.
За домашниот тим ова беше трета победа во низа, а трите бода на овој меч ги донесе Арнауд Нордин, кој биеше прецизно во 27. минута. Гостите само двапати се заканија во рамките на голот, но Рен успеа да ја сочува предноста до самиот крај.
- Извештај од натпреварот:
Рен останува на петтата позиција со вкупно 40 бодови, додека Тулуз има девет бода помалку, кои го сместуваат точно на средина од табелата во елитниот француски шампионат.








