ВИДЕО: Ноќ на промашувања во Бергамо, Аталанта ја сопре серијата на Интер

Се очекуваше супер-дерби со голови, но Аталанта и Интер пукаа со „ќорци“ наместо со вистинска артилерија. Двете најефикасни екипи во Серија А одиграа неефикасно реми без голови во Бергамо.

  • Извештај од натпреварот:

Аталанта е првиот тим кој успеал да остане непоразен против Интер во последните девет кола. Осум победи по ред имаа „нераѕурите“ на Инзаги, но ја прекинаа добрата серија во меч во кој имаа повеќе од шансите, ама реализацијата затаи. Воедно, ова беше прв меч на Интер по 39 натпревари без постигнат гол во калчото.

Нестварни промашувања имаше Интер на овој натпревар. Двапати Џеко, по еднаш Алексис Санчез и Дензел Дамфрис не реализираа од чисти позиции за погодок. Инзаги не може да биде задоволен од она кое го виде од својата екипа во навалната линија, пред се затоа што Аталанта на овој натпревар беше без неколку првотимци.

Кога говориме за Аталанта, тимот не реализираше благодарение на Самир Хандановиќ. Капитенот на Интер реагира врвно при обиди на Марио Пашалиќ, Луис Муриел и Матео Песина кои беа главната тројка во нападот на овој натпревар.

И покрај ремито Интер останува лидер на табелата со 50 бода, пред Милан кој има 48 бода. Аталанта е четврта со 42 бода, а на овој резултат најмногу се радува Јувентус кој ја брка „божицата“ и последното место кое води во ЛШ.

Состави

Gian Piero Gasperini

3-4-2-1

    Симоне Инзаги

    3-5-2