Нојер руши негативни рекорди: Кардинално згреши и прими гол по ОСУМ секунди (ВИДЕО)

На натпреварот помеѓу Аугсбург и Бајерн Минхен, Мануел Нојер прими гол по само ОСУМ секунди игра. По кардинална грешка и кикс на Нојер веднаш по самиот почеток од мечот, фудбалерот на Аугсбург, Робин Фелхауер, ја искористи можноста и ја смести топката во мрежата.

Овој погодок го собори претходниот рекорд за најбрз гол во историјата на Бундеслигата (кој изнесуваше ДЕВЕТ секунди).

Против истиот ривал Нојер прими гол по 19 секунди во првенствениот натпревар во 2019 година.