• Иван Димовски
Голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер, смета дека неговиот тим бил казнет поради слабата реализација во полуфиналниот двомеч против ПСЖ во УЕФА Лига на шампиони.
Германскиот великан беше на чекор до ново финале, но на крајот не успеа да го надополни минималното заостанување од првиот натпревар и мораше да се помири со елиминација пред своите навивачи во Минхен.
„Немавме убиствен инстинкт во нападот, како противникот. Но, имавме доволно шанси за победа на овој втор натпревар. Немавме многу чисти шанси, но мораше да бидеме подобри кога влегувавме во нив. Само погледнете го Пари Сен Жермен. Тие се едноставно ‘убијци’ пред гол. Постигнаа пет гола во првиот натпревар. Бевме блиску до финалето, но не можевме да ја завршиме работата во реваншот“, изјави Нојер.
Во финалето веќе чекаше Арсенал, па за трофејот ќе го предизвика актуелниот бранител на тронот ПСЖ.


