• Саше Љолес
Мануел Нојер пред само неколку денови објави крај на својата репрезентативна кариера, но во разговор со германските медиуми откри дека нема намера да се пензионира од клупскиот фудбал и сака да игра уште најмалку две сезони.
38-годишниот чувар на мрежата веќе тринаесет години е дел од Баерн Минхен, но вели дека би продолжил да брани дури и по истекот на договорот со гигантот.
„Не би сакал да прогнозирам, но знам дека телото уште ме служи и можам да бидам активен уште најмалку две години. Договорот со Баерн ми завршува во 2025 година, а потоа ќе ги разгледам сите опции. Се повлеков од репрезентацијата на Германија, иако ќе беше феноменално да настапам и на Светското првеенство во 2026 година.
На 40-годишна возраст не би заминал во Саудиска Арабија или во друг азиски клуб. Би сакал да завршам во Европа, а најубаво ќе биде ако се простам од фудбалот во родната земја. Тука ги доживеав сите најголеми успеси во кариерата, моето срце е секогаш во Германија“, рече искусниот голман.
Мануел Нојер ја започна кариерата во Шалке 04, а за германската репрезентација вкупно запиша 124 настапи.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.