Нојер и Храдецки ја предводат листата, бундеслигашите веруваат во голман-капитен

Со рекорд од дури осум германски екипи во европските клупски натпреварувања, првпат пет претставници во Лигата на шампионите, стартува новиот шампионат на Германија. Најефикасниот шампионат од петте најсилни лиги минатата сезона понуди 3,2 гола по натпревар. Ќе видиме како ќе се одржува овој висок просек без двете гол-машини, Левандовски и Халанд, кои заминаа во Шпанија и Англија.

Бундеслигата опасно им се заканува на Шпанците да им го преземе приматот на второто место на националните првенства со најголем коефициент. Најуспешни се Англичаните и Премиер лигата.

Групата капитени во Бундеслигата ја предводи Мануел Нојер, а интересно е тоа што многу екипи се решаваат да назначат голман за капитен. 

Капитените на клубовите од Бундеслигата во сезона 2022/23
Баерн Минхен: Мануел Нојер
Борусија Дортмунд : Марко Ројс
Баер Леверкузен: Лукас Храдецки
РБ Лајпциг: Питер Гулаши
ФК Унион Берлин: Кристофер Тримел
СЦ Фрајбург: Кристијан Гинтер
Келн: Јонас Хектор
Мајнц 05: Силван Видмер
Хофенхајм: Бенџамин Хубнер
Борусија Монхенгладбах: Ларс Штиндл
Ајнтрахт Франкфурт: Себастијан Роде
Волфсбург: Максимилијан Арнолд
Бохум: Ентони Лосила
Аугсбург : Џефри Гувеле
Штутгарт: Ватару Ендо
Херта: Марвин Платенхард
Шалке 04: Дани Латза
Вердер Бремен: Марко Фридл

Првенството на Германија останува најпосетувано првенство во Европа, со преку 90% исполнетост на прволигашките стадиони.