• Зоран Мишевски
Мануел Нојер пак е во врвна форма и во дресот на германската репрезентација демонстрира зошто е број еден. По долгата полемика во јавноста за тоа кој треба да брани меѓу Нојер и Тер Штеген, селекторот Лев одлучи да му даде доверба на голманот на Баерн Минхен.
Синоќа против Белорусија, Германците со лесна победа од 4-0 се квалификуваа за Европското првенство. Сепак, не беше така лесно како што резултатот кажува.
При 0-0 голманот на „панцерите“ со ретко видеа парада спаси чист гол, а во вториот дел му одбрани пенал на Стасевич.
- Феноменалните одбрани на Мануел Нојер:
Крос со два гола и младите Гинтер и Горецка со по еден беа стрелци во победата на германскиот национален тим против Белорусија.