• Мартин Танасковски

Германскиот голман Мануел Нојер важи за најдобар голман во светот. Својата класа тој ја потврди на мечот против Салцбург (3-1) на кој изведе двојна одбрана.
„Баварците“ имаа сигурна предност, а Салцбург притискаше да намали. Во 70. минута на „Алијанц Арена“, гостите од Австрија имаа два обида, ама Нојер како „ѕид“ пред голот спаси со феноменална двојна одбрана.
- Интервенциите на Нојер:
MANUEL NEUER IS INSANE pic.twitter.com/6hKHKdmAV3
— Dennis (@SwollNeuer) November 25, 2020
Репрезентативецот на „панцерите“ до крајот мораше еднаш да ја вади топката од мрежа. Мануел Нојер со победата над Сацлбург испиша историја и е првиот играч со 15 победи по ред во европските купови. На листата тој ги мина Кристијано Роналдо (14) и Џошуа Кимих (14).