Нобре: Ја респектирам цела лига, ама целите на Гостивар се шампионски

Екипата на Гостивар спремна и засилена влегува во пролетниот предизвик. Целта на тимот е да се биде шампион на Македонија, за тоа следат битки со повеќе ривали затоа што шампионатот ни е израмнет.

Тренерот на гостиварчани, Бразилецот Мерт Нобре, говореше за екипата и за целите на Гостивар во оваа сезона.

„Имавме добри мини-подготовки кои ги одработивме пред продолжението на лигата овој викенд. Стартуваме против Струга, тим кој го респектирам и актуелен првак на Македонија. И тоа не се само тие опасност, туку целото првенство. Но, тоа не ја менува нашата цел, тоа е да бидеме шампиони. Мора да освојуваме што е можно повеќе бодови на секој меч, така и на овој со Струга. Се надевам дека навивачите ќе ни дадат поддррршка и заедно ќе славиме“, изјави Нобре.

Гостивар се наоѓа на четвртото место во ПМФЛ со 35 бода, а пред него се Шкендија, Силекс и Работнички со по 37 бода.