ВИДЕО: Нкунку игра најдобро кога е „дома“, хет-трик за едно полувреме против Ајнтрахт! 

Кристофер Нкунку покажа дека сè уште најдобро се чувствува во дресот на Лајпциг. Францускиот напаѓач беше главната ѕвезда во убедливата победа од 6-0 над Ајнтрахт Франкфурт во петтото коло на Бундеслигата, откако со хет-трик уште во првото полувреме го реши прашањето на победникот.

  • Извештај од натпреварот:

Лајпциг тргна фуриозно и поведе уште во првата минута преку Езекиел Банзузи, по асистенција на Ел Ајнауи. Само четири минути подоцна, Нкунку ја затресе мрежата по додавањето на Антони Нуса, најавувајќи големо шоу на домашниот терен. Французинот потоа целосно го засени противникот. Со два гола во 41. и 44. минута комплетираше хет-трик за само едно полувреме и практично стави точка на натпреварот уште пред паузата.

Лајпциг не застана ниту во продолжението. Нуса во 54. минута зголеми на 5-0 по асистенција на Банзузи, додека конечните 6-0 ги постави резервистот Јанис Гомис во 89. минута, на додавање на Бенџамин Хенрихс.

Со оваа убедлива победа, Лајпциг стигна до девет бода и петтото место на табелата, додека Ајнтрахт остана на пет бода на 13. позиција.