• Мартин Танасковски

Њукасл Јунајтед под водство на Еди Хау игра сјајно и дојде до ситуација да игра за прва елитна титула во англискиот фудбал по 1955 година. „Страчките“ дома го победија Саутемптон (2-1) и така патуваат во финалето на Лига Купот.
- Извештај од натпреварот:
Тимот на Хау имаше предност од еден гол во првата средба, а со добар домашен меч си ја заврши работата. Уште по првиот дел беше јасен конечниот епилог на оваа средба, затоа што во 5. и 21. минута двоен стрелец беше Шон Лонгстаф, па голот на Адамс за „светците“ не ја расипа импресијата.
Последната титула која Њукасл ја освои во историјата во рамки на англискиот фудбал е ФА Купот. Во таа 1955 година, клубот во финалето го победи Манчестер Сити. Истовремено, за екипата ова е второ финале во Лига Купот во историјата, по она во 1976.
Противник на Њукасл Јунајтед во финалето речиси сигурно ќе биде Манчестер Јунајтед кој има сигурна предност од првиот меч против Рединг.