Њукасл тргнува во напад: Новите газди сакаат четири играчи од Манчестер Јунајтед

Њукасл

Новата ера во Њукасл Јунајтед би можела да започне со купување на неколку звучни имиња од ривалите од Премиер лигата.

Според првичните најави, новите газди на клубот размислуваат да го „распарчат“ Манчестер Јунајтед. На нивната листа се дури четири имиња од редовите на „црвените ѓаволи“.

Незадоволните Дони ван де Бек, Џеси Лингард, Антони Марсијал и Ерик Баили би можеле да пронајдат повисока минутажа на „Сент Џејмс Парк“. Планот на „страчките“ е да ги убедат фудбалерите на Оле Гунар Солскјер со амбициозниот проект кој се планира во наредните неколку години.

Сите од нив го загубија местото во првиот тим и ретко добиваат шанса да се појават на теренот. Конкуренцијата е огромна во Јунајтед, па тоа би можело да ги натера да бараат нова играчка средина.

Стив Брус засега останува на клупата на Њукасл. Но, шпекулациите велат дека наскоро би можел да биде заменет. Антонио Конте е најсериозен кандидат да го преземе неговото место во тимот.