Њукасл создава страшен тим за ЛШ за кој ќе се потрошат 500 милиони евра!

Екипата на Њукасл успеа после многу долго време да се пласира во Лигата на шампионите и ја одигра најуспешната сезона во последните дваесетина во Премиер лигата. „Страчките“ предводени од Еди Хау одиграа сјајни партии во англиската елита и сосема заслужено се најдоа меѓу најдобрите екипи во Европа. 

Управата и пребогатите сопственици на клубот веќе прават сериозни планови и сакаат да создадат одличен тим кој од септември ќе се натпреварува во групната фаза од елитниот ранг. Англиските медиуми најавуаат дека буџетот за засилувања ќе изнесува спектакуларни 500 милиони евра и голема е веројатноста тој да биде потрошен до последен цент. 

И медиумите на Апенините се вклучија во овие гласини. Шпански „Ас“ објави дека Њукасл веќе поготвил понуда вредна 60 милиони евра за Антоан Гризман од Атлетико Мадрид, а уште осумедесет милиони ќе бидат понудени на РБ Лајпциг за двајца играчи, Дани Олмо и Тимо Вернер. На врвот на желбите се наоѓа Хари Кејн од Тотенхем чиј трансфер сигурно не би бил поевтин од 130 милиони евра, но мали се шансите англискиот репрезентативец да премине во Њукасл, медиумите повеќе шанси му даваат во случајов на Манчестер Јунајтед. Желбата на стручниот штаб е сепак да се донесе уште еден одличен напаѓач. иако Њукасл веќе ги има Александар Исак и Калум Вилсон.

Останати играчи кои се желба на тренерот Хау се Коло Муани од Ајнтрахт Франкфурт, Николо Барела од Интер, а дел од медиумите најавуваат дека постои шанса и Бразилецот Нејмар да го облече црно-белиот дрес. Како ќе започне преодниот рок, така сигурно ќе се зголемуваат шпекулациите за играчи кои евентуално би го засилиле Њукасл, но едно е сигурно, а тоа е дека „страчките“ ќе издвојат огромни парични средства за да остават подобар впечаток во Лигата на шампионите и да можат да се борат рамноправно на три фронта. 

Станува поизвесно дека Манчестер Сити полека ја губи улогата на најголем „потрошувач“ во Англија и овој примат од летово ќе му припадне на новиот најбогат клуб во светот. Новите сопственици на Њукасл не се „залетаа“ на самиот почеток и не потрошија преголеми средства, но сепак настапот во елитата е огромен залак и за таму се секогаш потребни квалитетни и скапи засилувања.