ВИДЕО: Њукасл со покер голови го „тресна“ Тотенхем во ПЛ

Фудбалерите на Њукасл Јунајтед се радуваа на убедлива победа во мечот од 33. коло на Премиер лигата против Тотенхем со 4-0 (2-0). Натпреварот на „Сент Џејмс Парк“ понуди возбудувања на двете страни, ама голови паѓаа само во гостинската мрежа. 

  • Извештај од натпреварот:

Откако на стартот „петлите“ не искористија шанса преку Вернер, Њукасл успеа за три минути двапати да погоди. Резултатот го отвори Александер Исак, кој по асистенција од Гордон стрела за 1-0 по половина час игра. Веќе во 32. минута Ентони Гордон искористи грешка на дефанзивец и ја удвои позитивата на домашните на 2-0. До полувремето можеше водството да е и поголемо, бидејќи нова можност имаше Исак

Токму тој стрела по само шест минути игра во продолжението. Гимараеш го пронајде, а Александер Исак стрела во долниот десен агол од голот за комфортни и убедливи 3-0. Шведскиот репрезентативец беше најрасположен за игра, се обидуваше да дојде и до хет-трик, а покрај него шанси за Њукасл имаа Андерсон и Крафт кој погоди статива. Тотенхем одигра апсолутно блед натпревар и заслужено претрпе висок пораз. Конечните 4-0 ги постави Фабиан Шер кој во 87. минута стрела во мрежата на Викарио.

Што се однесува до премиерлигашката табела, Тотенхем е на петтото место со 60 бода, десет повеќе од денешниот ривал Њукасл, 11 од Манчестер Јунајтед и 12 од Вест Хем.

Состави

Еди Хоу

4-3-3

    Анге Постекоглу

    4-2-3-1