Њукасл со гол од пенал го исфрли Вимблдон и закажа дерби со Челзи во Лига Купот

Екипата на Њукасл е последниот патник во осминафиналето во Лига Купот на Англија. „Страчките“ пред својата публика ја оправдаа улогата на фаворит против Вимблдон и со победата од 1-0 го продолжуваат патот во второто по ранг Куп натпреварување во Англија. 

Победата на премиерлигашот во ниту еден момент не беше доведена во прашање, затоа што гостите речиси и да не го видоа противничкиот гол, додека момците на Еди Хау да имаа повеќе среќа и концентрација во завршницата може да слават многу поубедлива победа. 

Вака, до посакуваниот триумф стигнаа од пенал. Во финишот на првиот дел сигурен реализатор на ударот од единаесет метри беше дефанзвиецот Фабиан Шер. Вимблдон натпреварот на „Сент Џејмс Парк“

Во следното коло Њукасл е пред далеку посериозен предизвик, бидејќи за противник ќе го има разиграниот Челзи на Енцо Мареска.