ВИДЕО: Њукасл слави кај Саутемптон и со предност го чека полуфиналниот реванш

Фудбалерите на Њукасл Јунајтед се на 90 минути од битка за првиот трофеј во арапската ера, откако со 0-1 го совладаа Саутемптон во полуфиналето на Карабао купот. Средбата на „Сент Мери“ ја одлучи ден погодок, иако и „светците“ имаa свои можности, не успеаја да го загрозат ривалот. Така, Њукасл со предност ќе го дочека Саутемптон во реваншот за седум дена.

За двете екипи овој натпревар беше од големо значење, бидејќи не многу често добивале шанса да играат за финале во куповите. Поради тоа, екипите влегоа во мечот претпазливи и првиот дел не понуди којзнае какви возбудувања. Њукасл успеа да ја стресе противничката мрежа преку Жоелинтон, меѓутоа голот не се броеше поради офсајд. 

Се играше цврсто и тоа доведе до доста жолти картони. Повеќе и порано менуваше Џонс во Саутемптон, а потоа и Еди Хау посегна по клупата. Резултатот беше отворен во 73. минута. Александер Исак одлично проби по десната напаѓачка страна, па проследи топка до Жоелинтон кој остана осамен на петерецот и ја стресе домашната мрежа за 0-1.

  • Извештајј од натпреварот: 

Се тресеше и гостинската мрежа преку Армстронг, меѓутоа игра со рака го поништи овој гол. До крајот Саутемптон остана и со човек помалку, бидеќи втора јавна опомена заработи Дује Чалета-Цар, па тимот не успеа да се врати и доживеа пораз. На последниот ден од овој месец, Саутемптон гостува на „Сент Џејмс Парк“ кај Њукасл во возвратниот натпревар.