• Саше Љолес
Екипата на Њукасл Јунајтед славеше убедлива победа со 2-4 (0-3) на гостувањето кај Брентфорд во последното коло од англиската Премиер лига. „Страчките“ на Еди Хау ја заокружија сезоната со победа, но за пласман во Европа ќе мораат да се надеваат на пораз на Манчестер Јунајтед во финалето на ФА Купот против старо-новиот шампион, Манчестер Сити.
- Брентфорд - Њукасл 2-4:
Голеадата започна уште во првото полувреме, најпрво Харви Барнс донесе водство од 0-1, а потоа во листата на стрелците се запишаа уште Џејкоб Марфи и Александар Исак. Њукасл имаше убедливо водство од 0-3 на паузата. Брентфорд заигра многу подобро во вториот дел и успеа да внесе неизвесност со головите на Јанелт и Виса, но гостите од северна Англија не дозволија целосен „кам-бек“ и ја запечатија победата со голот на Бруно Гимараеш, кој ги постави конечните 2-4 во 77. минута од натпреварот. Њукасл ја завршува сезоната на седмата позиција со вкупно 60 бода, исто колку и екипата на Манчестер Јунајтед, која е едно место подолу.
Фудбалерите на Тотенхем со рутинска победа против најслабиот тим во лигата си го задржаа местото во Лигата на Европа. „Петлите“ славеа со 0-3 на „Брамал Лејн“ кај Шефилд, двоен стрелец беше Дејан Кулушевски, а еден даде Педро Поро.
- Шефилд Јунајтед - Тотенхем 0-3:
Шестата позиција си ја потврди екипата на Челзи, совладувајќи го Борнмут со 2-1 (1-0). Моисес Каиседо даде ефектен гол од половина терен во првиот дел, а на стартот на продолжението стрела и Стерлинг. Со автоголот на Бадиашил беше поставен конечниот резултат.
- Челзи - Борнмут 2-1:
До тешко извојувана победа дојде и Манчестер Јунајтед на гостувањето кај Брајтон (0-2). Тренерот Роберто Де Зерби со пораз се прости од публиката на „Амекс“. Триумфот на „ѓаволите“ го донесоа Далог и Хојлунд во финишот на мечот.
- Брајтон - Манчестер Јунајтед 0-2:
Екипата на Ливерпул во емотивен меч го совладаа Вулверхемптон со 2-0, со погодоците на Мек Алистер и Квансах во првиот дел. „Црвените“ му направија достојно простување на Јирген Клоп, кому чест му оддаде целиот стадион и имаше доста емотивни сцени на „Енфилд“.
- Ливерпул - Вулверхемптон 2-0:
Нотингем Форест само го потврди елитниот статус со победата над Барнли со конечни 1-2. Тимот на Винсент Компани се враќа во Чемпионшип по само една сезона во Премиер лигата, а таму ќе им се придружат и екипите на Лутон Таун и Шефилд Јунајтед.
- Кристал Палас - Астон Вила 5-0:
На останатите терени Кристал Палас со „петарда“ ја декласира Астон Вила (5-0) и Фулам слави во ефикасен натпревар кај Лутон (2-4).