• Иван Димовски

Фудбалерите на Њукасл Јунајтед се радуваа на убедлива победа на гостувањето кај Шефилд Јунајтед од 0-8 (0-3), во рамките на шестото коло на Премиер лигата. Избраниците на Еди Хау се „распукаа“ и ја наполнија мрежата на домаќинот на „Брамал Лејн“.
- Извештај од натпреварот:
Стартот сепак не понуди погодоци, се играа мирни 20 минути пред првпат да стрела Шон Лонгстаф. До полувремето меѓу стрелците за Њукасл се запишаа и дефанзивците Брн и Ботман, па „страчките“ заминаа на одмор со 0-3.
На стартот на продолжението, Њукасл пак влезе подобро од ривалот. Шефилд немаше сили да парира, а во пет минути со два гола гостинот дојде до огромна предност. Калум Вилсон во 56. и Арон Гордон во 61. минута зголемија на веќе огромни 0-5. Ниту тука не беше крајот на шоуто на Њукасл. Мигел Алмирон го даде шестиот гол, додека Бруно Гимараеш беше творец на седмиот во мрежата на Шефилд. Во самиот финиш во листата на стрелците се запиша и Исак за конечни 0-8.
Со оваа победа Њукасл дојде на осмото место со девет бода, додека Шефилд е „фенерџија“, со само еден освоен бод.