ВИДЕО: Њукасл продолжи во нагорна линија, прекината успешната низа на Барнли

Њукасл

Добрата форма во Премиер лигата за Њукасл продолжи вечерва со триумфот над Барнли (2-0) пред своите гледачи на „Сент Џејмс Парк“.

Во рамки од 28. коло, „страчките“ на Рафаел Бенитез постигнаа два гола во првите 45 минути и практично го решија прашањето на победникот. Водечкиот погодок на Фабијан Шар ќе кандидира за најубав во тековната сезона. 27-годишниот швајцарски репрезентативец распали од далечина и во голем стил ја затресе гостинската мрежа.

Хаотичната организација на противничката одбрана пред паузата ја искористи Шон Лонгстаф, кој донесе сигурна предност за домашните фудбалери.

„Црно-белите“ продолжија да доминираат во вториот дел и со офанзивен пристап го одбранија позитивниот резултат за три нови бода. За викендот, Њукасл му гостува на Вест Хем, а Барнли на домашен терен ќе го пречека Кристал Палас.