• Зоран Мишевски
По поразот во Бирмингем минатиот викенд, екипата на Њукасл со Еди Хау на клупата им се врати на премиерлигашките победи. Потрагата по место во Лигата на шампконите им донесе лесни три бода на „чавките“ против Ипсвич. „Црно-белите“ славеа со 2-0, а головите ги постигнаа Исак од пенал во првото и Брн и Трипие во второто полувреме.
- Њукасл - Ипсвич 3-0:
Брајтон и Вест Хем одиграа драматичен дуел во кој со два гола во финишот домаќините пораз претворија во победа (3-2). Ајари ги доведе домаќините во водство, а по акцијата на Боуен, израмни Кудус на почетокот од вториот дел. Гостите од Лондон до прва предност стигнаа со погодокот на Боуен во 83. минута, но израмни Јошида во 88. минута. Кога се чинеше дека ремито е неминовно, Балеба со велемајсторски гол донесе победа за Брајтон од 3-2.
- Брајтон - Вест Хем 3-2:
Вулверхемптон запиша три бода против испаднатиот Лестер Сити. „Волците“ славеа со 3-0, а головите ги постигнаа Куња, Странд Ларсен и Гомез.
- Вулверхемптон - Лестер Сити 3-0:
„Фенерџијата“ Саутемптон беше на прагот на изненадување против Фулам, но на крај загуби со 1-2 пред своите гледачи. Стивенс донесе предноста за домаќините, а Стив Роу израмни за гостите. Во судиското надополнување Сесењон донесе бодови за екипата на Марко Силва.
- Саутемптон - Фулам 1-2:
Утре се играат уште два натпревари од ова некомплетно коло (заради полуфиналните натпревари од ФА Купот), а во фокусот е дуелот на „Енфилд роуд“, каде што со бод или три против Тотенхем, Ливерпул ќе ја освои премиерлигашката титула.