Њукасл плати 20 милиони за напаѓач и го ослабе ривалот во борбата за опстанок

Поради повредата на Калум Вилсон, првиот напаѓач на тимот, во редовите на Њукасл завладеа тревога, па Еди Хаув на управата експресно ѝ испрати листа со потенцијални засилувања во нападот.

Поради неговото искуство во Премиер лигата, прва желба на младиот стручњак беше Дивок Ориги од Ливерпул, па младиот Доминик Соланке и ѕвездата на Баер Леверкузен Патрик Шик, но на крај потрaгатa заврши со доведување на Крис Вуд.

Угледниот британски „Телеграф“ тврди дека Њукасл ја активирал клаузула од договорот на 30-годишниот напаѓач и за дваесет милиони фунти го „киднапирал“ од Барнли.

Од редовите на Барнсли не се согласуваа со продажба на својот најдобар напаѓач на директиот ривал во борбата за опстанок, поради што ја одбија претходната понуда на „страчките“, но кога клубот од североисточна Англија реши да ја активира клаузулата, на „Турф Мур“ останаа беспомошни.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк