• Саше Љолес
Њукасл Јунајтед повторно се приближува до местата кои водат во Лигата на шампионите, а тоа го потврди и со минималната победа над Вест Хем на гостински терен (0-1).
- Извештај од натпреварот:
„Страчките“ на Еди Хау славеа со единствениот подогок на Бруно Гимараеш, кој го постави конечниот резултат во 63. минута. Домаќините се трудеа со сите сили, имаа на моменти и повеќе од играта, но трите удари во рамките на голот завршија безуспешно.
Њукасл во второто полувреме успеа да го приведе натпреварот кон крајот и стигна до четиринаесеттата сезонска победа, со која вкупно има 47 бода, два помалку од четвртопласираниот Челзи. Вест Хем доживеа пораз после двете победи во низа, но делува мошне сигурно во однос на опстанокот, со цели десет бода над опасната зона.
Во следното коло „чеканите“ ќе се сретнат со Евертон, додека Њукасл на домашен терен ќе го пречека незгодниот Брентфорд.