ВИДЕО: Њукасл неславно се претстави пред новиот газда и загуби од Тотенхем 

Ерата на новиот газда на Њукасл, саудискиот принц Мохамед Бил Салман, започна со бледо издание на „страчките“ и пораз од Тотенхем со 2-3 (1-2), во натпревар кој одредено време беше во прекин затоа што еден од навивачите колабираше на трибините. Она што се случи на Европското првенство на теренот, кога во фокусот беше Кристијан Ериксен, сега се повтори на „Сент Џејмс Парк“.

<<< ПОВРЗАНО - ВИДЕО: Навивач доживеа срцев удар во ПЛ, голем гест на дуо на Тотенхем!

Домашните навивачи со овации ги пречекаа фудбалерите, затоа што им се оствари желбата Мајк Ешли да го продаде клубот, а момците на Стив Брус возвратија со гол по само сто секунди. По една одлична тимска акција, Манкиљо, прецизно го проигра Калум Вилсон, кој со мајсторски удар со глава го совлада Лорис и донесе голема радост на трибините (1-0).

Но, домаќинот не успеа долго време да го чува водството, затоа што „петлите“ на Нуно Еспирито Санто влегоа во посакуваниот ритам и до крајот на првиот дел трипати ја погодија мрежата на Дарлоу. На 1-1 израмни Ндомбеле, потоа во листата на стрелците се запиша Кејн, додека по прекинот убедливи 1-3 за гостите донесе Сон.

  • Извештај од натпреварот:

Во вториот дел Тотенхем ја контролираше играта и не дозволи Њукасл да се врати во игра, а притоа имаше уште неколку изгледни прилики за да извојува уште поубедлива победа. Сепак во самиот финиш „страчките“ намалија, откако Дајер си постигна автогол.

Трите бода од „Сент Џејмс Парк“ на Тотенхем му донесоа скок од пет места на премиерлигашката табела (петто место), додека Њукасл падна на претпоследната позиција со само три освоени бода.

Состави

Eddie Howe

4-1-4-1

    Антонио Конте

    4-2-3-1