ВИДЕО: Њукасл немоќен, Тен Хаг го поведе Манчестер Јунајтед до прв трофеј!

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед го освоија трофејот во Карабао Купот, откако го совладаа Њукасл Јунајтед со 2-0 (2-0) во финалето кое се одигра пред полните трибини на „Вембли“. „Црвените ѓаволи“ успеаја да го освојат првиот трофеј во ерата на Тен Хаг, победувајќи го најбогатиот клуб на светот на речиси рутински начин во финалето. 

  • Извештај од натпреварот: 

Средбата тргна со ниско темпо и интензитет, а бргу Манчестер Јунајтед ја презеде иницијативата во своите нозе. Иако Њукасл ја имаше првата добра шанса преку Сен Максимен, сепак првиот гол падна во мрежата на Лорис Кариус. Течеше 33. минута кога по слободен удар на Бруно Фернандеш, со глава стрела Касемиро за 1-0. 

Голот се проверуваше во ВАР собата за потенцијален офсајд, меѓутоа судијата Дејвид Кут покажа на центарот. Бргу падна и втор погодок за Јунајтед, откако Маркус Рашфорд со помош на Свен Ботман го матира Кариус. Во 39. минута Англичанецот доби топка во шеснаесетникот и со убав удар и малку помош стрела за удвојување на позитивата. 

До полувремето можеше да биде и 3-0, меѓутоа Вут Вегхорст не успеа да погоди, неговиот удар го скроти Кариус. Второто полувреме беше со понизок интензитет, Манчестер одигра рутински, имаше по некоја шанса, меѓутоа немаше погодоци. Њукасл не успеа целосно да се наметне и не го загрози противникот. 

Состави

Ерик тен Хаг

4-2-3-1

    Еди Хоу

    4-3-3