„Њукасл не може да се спореди со Реал Мадрид, не верувам дека Бејл ќе си замине“

Како што се наближува летниот трансфер-период, така се засилуваат шпекулациите за евентуалното заминување на Герет Бејл од Реал Мадрид. Велшката ѕвезда веќе неколку трансфер-период наназад е поврзуван со напуштање на „Сантијаго Бернабеу“, а сега за негова нова дестинација се споменува тимот на Њукасл. 

Англискиот премиерлигаш многу веројатно за краток период ќе добие нов сопственик, во името на саудискиот принц Мохамед бин Салман, а се претпоставува дека токму Бејл ќе биде првата ѕвезда на „страчките“ во новата сезона. 

Но, ова мислење не го дели и поранешниот ас на Манчестер Јунајтед и Тотенхем, Димитар Бербатов. 

„Уморен сум од шпекулациите поврзани со Герет Бејл. Тој има свој агент, семејство, живот и ако мислат дека Мадрид е вистинското место за него, тогаш не е важно што вели некој друг. Има многу шпекулации дека ќе се пресели во Њукасл. Долго време е во Реал Мадрид, со кого освои многу трофеи и стана миленик на огромен број на фанови на „кралевите“. Со целосна почит, но на можете да го споредите Њукасл со Реал Мадрид“, вели Бербатов. 

Покрај Њукасл, во трката за потписот на Бејл се уште неколку европски гиганти, меѓу кои се Манчестер Јунајтед, Тотенхем, Баерн Минхен, ПСЖ...