Њукасл на Јунајтед му бара 50 милиони евра за фудбалер кој лани одигра 13 натпревари! 

Оле Гунер Солскјер продолжува да лови фудбалери кои не се атрактивни и се малку познати во фудбалскиот свет, но сепак се млади и талентирани и од нив се очекува да станат големи ѕвезди во иднина. 

По договорените потписи со Џејмс и Ван-Бисака, следна желба на норвешкиот менаџер е младиот играч за врска на Њукасл, Шон Лонгстаф. Оле во 21-годишниот универзалец во средниот ред гледа како идеална замена за заминатиот Андер Херера, но наиде на сериозен отпор од редовите на „страчките“. 

Лонгстаф во минатата сезона дресот на Њукалс го носеше само на 13 натпревари, но и покрај тоа челните лица на клубот за неговите услуги бараат нереална сума од 50 милиони евра, која тешко веројатно ќе биде прифатена од страна на „ѓаволите“. 

Наводно, двете страни во текот на следната седмица ќе имаат нова рунда на преговори, па доколку се постигне договор, Лонгстаф ќе стана третото летно засилување за англискиот гигант.