Њукасл ја откри причината за отсуството на Еди Хау

Њукасл ќе мора извесен период да се снаоѓа без првиот стратег Еди Хау, кој поради здравствени проблеми нема да биде на клупата. Англискиот стручњак доби дијагноза воспаление на белите дробови (пневмонија), а неговото отсуство од теренот засега нема прецизен рок.

Хау не беше присутен ни на мечот против Манчестер Јунајтед, кој „страчките“ го добија со убедливи 4-1. И покрај проблемите, стратегот им се заблагодари на сите за поддршката.

Додека тој закрепнува, кормилото на тимот ќе го преземе неговиот долгогодишен асистент Џејсон Тиндал.Њукасл моментално се наоѓа на четвртата позиција во Премиер лигата и е во одлична трка за пласман во Лигата на шампионите.