ВИДЕО: Њукасл испушти триумф во 94. минута, ефикасни победи на Борнмут и Брентфорд

Фудбалерите на Њукасл Јунајтед испуштија победа на гостувањето кај Кристал Палас (1-1), во рамките на 13. коло на Премиер лигата. Гостинот на „Селхрст Парк“ водеше до самиот финиш на средбата, а тогаш домашната екипа стигна до голем бод во битката за опстанок. Њукасл стекна предност во 53. минута кога репрезентативецот Марк Гуехи си даде автогол (0-1). Сепак, во четвртата дополнителна минута Даниел Муњоз погоди токму по асистенција на Гуехи за конечните 1-1 и голем бод. 

  • Кристал Палас - Њукасл 1-1:

Во најефикасниот меч попладнево Борнмут триумфираше со 2-4 на гостувањето на „Молињу“ кај Вулверхемптон. Поведоа гостите преку Клајверт по три, а Ларсен израмни по пет минути игра. Сепак, Веќе во осмата пак Борнмут водеше со голот на Керкез и десет минути подоцна стрелаше Џастин Клајверт повторно од белата точка (1-3).

  • Вулверхемптон - Борнмут 2-4:

Во продолжението Странд Ларсен повторно погоди за 2-3 во 69. минута, но пет подоцна конечниот резултат го постави Џастин Клајверт вторпат од пенал комплетирајќи го својот „хет-трик“. 

Ефикасно беше и на „Брентфорд комјунити стадиум“, каде што домаќинот во Лондон со 4-1 го совлада Лестер Сити. Дебито на Руд Ван Нистелрој на клупата на премиерлигашот тргна одлично, со гол за предност преку Буонаноте. Сепак, Виса израмни набргу, а потоа Кевин Шаде постигна три погодоци за висок триумф на Брентфорд. 

Минимален триумф забележа Нотингем Форест дома против Ипсвич Таун (1-0) со голот на Крис Вуд од белата точка.

Состави

Оливер Гласнер

3-4-2-1

    Еди Хоу

    4-3-3