ВИДЕО: Њукасл го дозакопа Хадерсфилд на дното, три пенали и реми во Борнмут

Екипата на Њукасл Јунајтед забележа посакуван триумф на домашен терен и со 2-0 (0-0) беше подобра од фенерџијата во Премиер лигата, Хадесфилд, чија мисија за опстанок од коло во коло е се потешка.

Њукасл се мачеше едно полувреме да го скрши отпорот, иако имаше играч повеќе на теренот. Смит доби црвен картон во 20. минута, па така, Хадерсфилд беше без еден човек речиси цел меч. 

Во првото полувреме мрежите мируваа на „Сент Џејмс“, а двата гола паднаа во воведните минути од вториот дел, на брз начин. Прво погоди Рондон во 46. минута, додека печат на трите бода за Њукасл стави Ајозе Перез во 52. минута.

Борнмут имаше добра шанса да го победи Вулверхемптон, но во финишот на мечот промаши пенал и мора да се задоволи со реми (1-1). Кинг го отвори резултатот и домаќините водеа со погодок од пенал, додека изедначи Хименез, исто така од пенал. Третиот пенал судијата го покажа во 85. минута, за Борнмут, но Кинг овој пат го промаши.

Њукасл со триумфот е 14-то пласиран на табелата, додека Борнмут е на десеттото место, а Вулверхемптон е две места погоре.