Њукасл ги пробива границите, но тоа може да донесе голем револт во соблекувалната!

Раководството на Њукасл има сериозни проблеми да го задржи Александер Исак, најдобриот и најкорисниот играч на тимот.

Тој во клубот од „Сент Џејмс Парк“ пристигна во 2022 година за 63 милиони евра, а оваа сезона покажа дека е во топ-форма бидејќи веќе постигна 23 гола во сите натпреварувања. Арсенал, Ливерпул и Барселона покажаа голем интерес за неговите услуги, а јасно е и зошто, а Њукасл не може да се „трка“ ниту со платата која што би ја понудиле гигантите.

Тој моментално добива 120.000 фунти неделно, а евентуално зголемување може да донесе само големи проблеми во играчкиот кадар бидејќи ќе стане најплатениот играч во клубот. Но, со цел да го задржи својот најдобар фудбалер Њукасл наводно се решил да оди по тој пат. Ќе се обиде со плата од 200.000 фунти неделно за Исак да остане во клубот, а дополнителен мотив е можеби и играњето во Лигата на шампионите, од кое „страчките“ не се толку далеку.

Инаку, сопственик на Њукасл е еден од најбогатите луѓе во светот, но финансискиот фер-плеј во Премиер лигата не дозволува саудискиот принц Мохамед Бил Салман да го одврзе ќесето и значително да ја подобри финансиската состојба во клубот.