Њукасл донесе на позајмица искусен поранешен голман на Арсенал

Голманот на англискиот Саутемптон, Арон Рамсдејл, официјално се пресели во Њукасл Јунајтед, каде следната сезона ќе настапува како позајмен фудбалер. 

Клубот веќе го потврди неговиот премин и истакна дека во договорот има опција за целосен откуп по завршувањето на сезоната. Сето тоа ќе зависи од настапите и учинокот на Рамсдејл. 

Ова значи дека чуварот на мрежата повторно ќе настапува во Премиер лигата, од каде претходната сезона испадна со тимот на „светците“. Кариерата ја започнна во Шефилд Јунајтед, а најголем печат остави во дресот на Арсенал, за кој одигра 78 натпревари.

ФОТО/PHOTO: Newcastle United

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.