• Саше Љолес
Екипата на Лион приреди уште едно одлично издание и се избори за рутински домашен триумф над Ница 2-0 (1-0) во натпреварот од 22. коло на француската Лига 1.
- Извештај од натпреварот:
Кристијан Толисо донесе водство за домашниот тим во 40. минута, а конечните 2-0 беа дело на Данецот Ноа Нарти, кој стрелаше по 19 минути игра во второто полувреме. „Лавовите“ ја продолжуваат одличната серија и стигнаа до седмата последователна победа во шампионатот.
Пред нив на табелата е второппасираниот ПСЖ, кој сега има шест бодови повеќе. Во следното коло, Лион ќе има тешко гостување во Стразбур, додека Ница ќе го пречека Лориент.










