• Зоран Мишевски

Фудбалерот на данскиот шампион Копенхаген, Томас Делани го постигна најубавиот гол вечерва во првата половина од второто коло Лигата на шампионите. Делани погоди со фантастичен удар од далечина, а голманот на Бриж немаше ни трошка надеж дека може да одбрани.
Копенхаген го совлада Бриж со 4-0 и прокнижи значајни бодови во групната фаза на Лигата на шампионите.