• Саше Љолес
Светот конечно дозна кој е најбогатиот фудбалер на планетата. Иако некои можеби очекуваа дека на врвот се Лионел Меси, Кристијано Роналдо или Дејвид Бекам, сепак тоа е фудбалер од Брунеи, чие богатство се проценува на околу 20 милијарди фунти!
Се работи за Фаик Болкихај, син на султанот Хасанал Болкијах од Брунеи, кој во моментов настапува за тајландскиот клуб Ратчабури. Неговото богатство доаѓа од кралското семејство на Брунеи, а најголем дел од имотот е заработен од продажба на нафта, гас, лускузни недвижности и глобални инвестиции.
27-годишниот фудбалер е скоро анонимус во светот на овој спорт, а на професионално ниво има настапувано уште за португалскиот Маритимо и тајландскиот Чонбури.
Ги минал младинските школи на Саутемптон, Челзи и Лестер Сити, но никогаш не доби договор од премиерлигашките клубови. За репрезентацијата на Брунеи има впишано шест настапи.