Ниту Кина, ниту Турција, ниту Премиер: Митровиќ го продолжи договорот со Фулам! 

Иако беше ден од најбараните фудбалери ова лето, Александар Митровиќ се реши да ја продолжи соработката со тимот на Фулам и во следната сезона повторно ќе биде прва ѕвезда на менаџерот Скот Паркер во намерите на клубот експресно да се врати во Премиер лигата. 

Српскиот репрезентативец по враќањето на Фулам во Чемпионшип беше поврзуван со трансфери во неколку клубови. Се шпекулираше дека ќе се пресели во Кина, па во Турција во редовите на Фенербахче, наводно за него биле заинтересирани неколку премиерлигаши, но денес стави крај на сите дилеми и соработката со лондончани ја продолжи до 2024 година. 

Со овој потег, Фулам јасно им стави до знаење на своите конкуренти дека сериозно ќе атакува на првите две позиции кои обезбедуваат место во Премиер лигата. Во минатата сезона во дресот на Фулам постигна 11 гола во Премиер лигата.