Ниту Јуриќ, ниту Соуса - нов тренер на Хајдук е Џенаро Гатузо!

Македонскиот репрезентативец, Александар Трајковски, и неговиот Хајдук од Сплит, имаат нов тренер. Управата на гигантот соопшти дека постигнала договор со италијанскиот стратег Џенаро Гатузо, кому последен ангажман во кариерата му беше во францускиот Олимпик Марсеј. 

Деновиве на големо се шпекулираше дека Хајдук ќе потпише со Иван Јуриќ од Торино, но доаѓањето на Гатузо се појави како гром од ведро небо и претставува големо изненадување за спортската јавност. Навивачите за прилично задоволни и очекуваат успешна етапа со италијанскиот стратег, кој ќе има задача да го крене тимот до шампионските висини во Хрватска. 

Џенаро Гатузо е фудбалска легенда на Милан, а во тренерската кариера работеше во Сион, Палермо, ОФИ Крит, Пиза, Милан, Наполи, Фиорентина и Валенсија.