ВИДЕО: Ниту двата гола не Мбапе не беа доволни, ПСЖ доби нова „шлаканица“ во Лига 1

На ПСЖ во ваква игра црно му се пишува оваа сезона. Францускиот гигант под водство на Луис Енрике никако не може да застане на здрави нозе во Лига 1 и вечерва доби нова „шлаканица“. По двете ремија на стартот, „светците“ врзаа две победи, но кога се очекуваше дека низата ќе продолжи, следуваше нов удар за париските фанови. Вечерва славенички од „Паркот на Принцовите“ си замина Ница, која што со одлична игра заслужено славеше победа од 2-3.

  • Извештај од натпреварот:

На домаќинот не му помогна ниту Килијан Мбапе, кој беше расположен за надигрување, но не можеше сè сам. Капитенот на „светците“ имаше одлична вечер, постигна два гола, од кои вториот беше вистинско ремек-дело, но неговите соиграчи, особено оние од одбраната целосно потфрлија и дозволија Ница да се радува на нови три бода.

Творци на големото славје на клубот од југот на Франција беа Moфи со два гола и еден постигна Лаборд.

Со оваа победа Ница остана непоразена по пет кола во Лига 1 и се искачи на второто место, додека ПСЖ го впиша првиот пораз и падна на третата позиција.