ВИДЕО: Ниту „Д“ од дерби, „ураганот“ Ливерпул го погоди Манчестер Сити!

Ниту „Д“ од дерби - моќниот Ливерпул како ураган го погоди шампионот Манчестер Сити и со сигурни 2-0 (1-0) му го нанесе четвртиот пораз во низа во Премиер лигата. „Црвените“ ја искористија лошата атмосфера во таборот на гигантот од Манчестер и со по еден гол во двете полувремиња ја потврдија надмоќта и сега пред второпласираниот Арсенал имаат огромни девет бода предност. Сити, пак, останува на петтата позиција со дванаесет бода помалку во однос на вечерашниот ривал.

  • Извештај од натпреварот:

Момците на Арне Слот во свој стил го отворија големото дерби. „Граѓаните“ не можеа да „дишат“ поради високиот пресинг на домаќините и Стефан Ортега уште од стартот беше ставен на големи маки. Првата закана ја испрати Собослај, но Ортега со одлична интервенција исфрли од корнер. По ударот од аголот, Ван Дајк на натскока гостинската одбрана и со глава ја затресе стативата. Налетот на Ливерпул конечно вроди со плод во 13. минута, а одново најголем „виновник“ за тоа беше Мохамед Салах.

Најдобриот фудбалер на „црвените“ во последната деценија испрати неверојатно точна асистенција до Гакпо, кој ваквиот „подарок“ не можеше да не го круниса со погодок за огромна радост на „Енфилд Роуд“ и водство на Ливерпул од 0-1. „Црвените“ не застанаа тука, продолжија со ист ритам и Ортега одново беше ставен на тест, но германскиот чувар на мрежата уште еднаш докажа зошто се смета за најдобар резервен голман во светот. Благодарение на неговите интервенции Сити на пауза замина со минимална негатива и без ниту еден директен удар кон противничкиот гол. 

На стартот од вториот дел Пеп беше тој кој што прв реагираше и направи двојна замена, но ситуацијата на теренот воопшто не се промени. Ливерпул и понатаму имаше целосна контрола на теренот и беше поблиску до втор погодок. Во 55. минута Салах покажа дека и тој е само човек, откако излезе сам пред Оргета и можеше да бира каде да шутира, но на крај го промаши целиот гол и го остави Сити во игра. 

Но, египетската ѕвезда, која што сè уште ја чека понудата од раководството на клубот за нов договор, крај на сите надежи на шампионот стави во 78. минута, кога беше сигурен реализатор од ударот од единаесет метри. Во продолжение Сити нападна со сите сили, а резервистот Кевин де Брујне ја испушти најголемата шанса за шампионот, откако по грешката на Ван Дајк не реализираше од зицер позиција.

Во следното коло Ливерпул гостува кај Њукасл, додека Манчестер Сити излез од кризата ќе брка против незгодниот Нотингем Форест

Состави

Арне Слот

4-2-3-1

    Пеп Гвардиола

    4-2-3-1