Ниту „Д“ од дерби: Баерн на рутина го доби Баер Леверкузен! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Баерн Минхен на рутина го решија дербито на деветтото коло во Бундеслигата, победувајќи го Баер Леверкузен со сигурни 3-0 (3-0). Натпреварот на „Алијанц Арената“ беше решен практично во првиот дел, бидејќи на паузата домашните веќе имаа предност од три гола. 

  • Извештај од натпреварот:

По мирниот старт на пресметката резултатот беше отворен со гол во 25. минута, а стрелец беше Серж Гнабри (1-0). Само шест подоцна баварците ја удвоија позитивата. Николас Џексон со глава реализира по центаршут од Лаимер и го матира голманот Флекен. Успеа Џексон и вторпат да ја смести топката во мрежата пред паузата, ама имаше недозволена позиција и голот не важеше. 

Третиот погодок за Баерн беше автогол на Лоик Баде во 44. минута (3-0). Откако стекнаа капитална предност и баварците го умртвија темпото оставајќи го ривалот без вистинска шанса за било што во средбата. 

Баерн суверено владее со врвот на табелата и по девет кола има исто толку победи и 27 бода, пет повеќе од второпласираниот Лајпциг, а седум од Борусија Дортмунд.