Ниту Али, ниту Ериксен: Погба е првата желба на Почетино

Подолг период се шпекулира дека Пол Погба е на излезни врати од Манчестер Јунајтед. Светскиот шампион со Франција од последниот Мундијал, наводно нема да се согласи за нова соработка со „ѓаволите“, што би значело негово заминување уште во јануари или пак во јуни.

Не е тајна дека Реал Мадрид и Јувентус го посакуваат францускиот играч за врска, а според „Дејли Стар“ нов европски гигант се впушти во трката за потписот на Погба. Станува збор за европскиот вицешампион ПСЖ

Иако се споменуваше дека најголеми желби на новиот стратег на „светците“, Маурицио Почетино, се неговите поранешни играчи Деле Али и Ериксен, најверојатно сега истите се ставени во втор план, затоа што аргентинскиот стратег побарал од челните лица на клубот да започнат преговори со Јунајтед за потписот на Погба. 

Најскапиот фудбалер на Јунајтед во историјата откако лошо ја започна сезоната, во последниот период игра во одлична форма и еден од најважните фудбалери во ростерот на Солскјер. 

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.