Ниту 50 милиони не го убедија Челзи да го продаде Вилиан

Вилиан Барселона

Еден од подобрите поединци на репрезентацијата на Бразил на Мундијалот во Русија, Вилиан, е на мета на неколку европски клубови, но се чини Челзи не сака да се ослободи од својот крилен напаѓач.

Барселона го посакува 29-годишникот во своите редови и веќе испрати официјална понуда од 50 милиони фунти, но истата веднаш беше одбиена од лондонската екипа. 

За Бразилецот има интерес и од Манчестер Јунајтед, но „сините“ не сакаат да го засилат својот конкурент од Премиер лигата, па ако го ослободат, тоа ќе биде за клуб од друга лига.

Вилиан пристигна во Челзи пред пет години за 30 милиони фунти од екипата на Анжи. Досега одиграл 236 официјални натпревари за премиерлигашот и постигнал 44 гола, од кои 13 пристигнаа минатата сезона.