Ниските лиги во Англија поништени, нема да има промоција и испаѓање

Фудбалската федерација на Англија (ФА) донесе одлука да ги поништи ниските лиги во земјата, односно сите натпреварувања под шести ранг, поради коронавирусот кој владее во Европа.

Сите натпреварувања под Националната лига север и Националната лига југ се прекинати, нема да има шампиони и нема да има испаѓање, односно промоција во повисок ранг. 

Исто така, прекинати се и сите натпреварувања во женската лига, со исклучок на Суперлигата и Чемпионшип. Што се однесува до првите два ранга од Националната лига, ФА ќе бара решение истите да бидат завршени.

Англискиот фудбал е „замрзнат“ до 30 април, а се уште нема прогнози дали ќе има услови воопшто да продолжи.